«

»

Feb 06

Средства од ЕЛЕМ за о.Новаци

Електрани на Македонија, спроведувајки ја доследно усвоената декларација за општествена одговорност, изврши селекција на апликациите за распределба на средства кои ќе бидат насочени за помош и развој на повеќе активности во заедницата. Врз основа на објавениот јавен повик, компанијата годинава повторно одлучи да го помогне целиот регион кој ги опфаќа засегнатите општини, меѓу кои и Општина НовациЗа развој на спортот Фудбалскиот клуб Новаци доби 600 илјади денари, Средствата за развој на спортот ќе се издвојат за набавка на спортска опрема, создавање услови за развој на млади спортисти и за реновирање на спортски објекти.

60 илјади денари се донирани и за Еколошкото друштво Гурлеец од село Брод, Општина Новаци. Средствата ќе бидат искористени за решавање на комуналниот отпад во приградските делови, за унапредување на животната средина и општествениот живот воопшто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php