«

»

Feb 06

РЕК Битола и електрокомбинатот Обилиќ со експертиза

Проектот финансиран од Холандската влада а, имплементира од националните коалиции на РЕА (регионално застапување на животната средина) со седиште во Белград, ( предводена од бивш министер за животна средина и нејзиниот шеф на кабинетот- кои ја продолжуваат својата мисија за заштита на животната средина преку невладиниот сектор) , а чија цел е да ги издигне на највисоко ниво прашањата од оваа област во земјите од Западен Балкан ја почести и Македонија.

На состанокот одржан во Битола на 07 Ноември 2009. му претходеше прием на сите учесници од Градоначалникот на Општина Новаци, а беше присутен и Градоначалникот на Општина Обилиќ од Косово, пратеници од парламентите на Македонија и Косово,  претставници од министерствата и на локалните самоуправи, како и невладини организации. На средбата градоначалниците на Новаци и Обилиќ разменија мислења од потребата за заедничка соработка на повеќе теми, од заштита на животната средина, рурален развој и економски развој на општините.

Состанокот по посетата на Општина Новаци продолжи во Битола во салата за состаноци на Хотел Епинал се до попладневните часови. Во присутните учесници беа Државниот секретар за животна средина на Владата на РМ, неколку пратеници од различни пратенички групи од Парламентот на РМ, претставници од министерството за животна средина, претставници од локалната самоуправа и како и претставници од локални и национални НВО-и кои се заинтересирани и веќе работат во областа на животната средина, а истиот одзив во сличен состав беше и од страна на Република Косово и Општината Обилиќ, нивни претставници беа генералниот директор на Управата за животна средина на Р Косово, Пратеници од разлицни пратенички групи, градоначалникот на Општина Обилиќ, претставници од НВО-и и претставници од министерствата и локалната самоуправа на Обилиќ.

Темата на состанокот беше изнаоѓање на нови решенија , иновативни системи за обновливи енергии и нивна примена и во веќе постоечките термо гиганти РЕК Битола и Термоелектрана Обилиќ.

Експертите од овие два електро комбината ја одсликаа состојбата и принципите на работа, со нивните комплетни настојувања за постепено применување на нови енергетски извори. Системите во овие електрокомбинати кои се постоечки дозволуваат нивно прилагодување и примена на екогорива, и веќе се изготвуваат физибилити студии, се вршат анализи и темелни истражувања врз кои ќе се базираат подготвените елаборати врз чија експертиза пак преку европските фондови кои наскоро ќе бидат достапни и за Македонија и за Косово, ќе може да се финансираат и да продолжат непречено да ја вршат својата досегашна успешна функција – производство на електрична енергија, со примена на врвни технологии и екогорива.

На овој состанок беше споменато и дека јагленот кој се помалку го има, и неговите капацитети се црпат и завршуваат, би било покорисно да се употреби за некои други цели, како што се лекови, и во други индустрии за корисни и неопходни производи.

Косовскиот тим има голема поддршка од Управата за животна средина и заложбите на Генералниот директор на Управата за животна средина на Република Косово, се сконцентрирани да се изнајдат решенија за иновативен систем кој веќе постоечките капацитети во Обилиќ ќе ги претвори во уште поголеми капацитети, кои сами по себе не само што се енергетскиот двигател во Косово, туку овој електро комбинат е директно влијателен на економијата и нејзиниот развој со големиот број на вработени. Затоа е многу битен фактот дека електрокомбинатот Обилиќ е фактор од кој директно се влијае врз развојот и на Косово. Од Управата за животна средина тимот на Генералниот директор, имплементираше веќе неколку проекти кои ја подобруваат комплетната визија за иновативни системи и обновливи енергии.

Кај нашиот електрокомбинат РЕК Битола, ситуацијата е доста слична , а и иницијативите идентични со овие од  електрокомбинатот Обилиќ.

Експертот кој ја излагаше својата презентација, ја долови во детал сегашната ситуација, која значи ефективно работење, со максимално превземање на мерки и водење на сметка за заштита на животната средина, и со досегашните развојни фази на електрокомбинатот РЕК Битола се постигнати видливи резултати. Задоволени се стандардите и комплетната работа при произведувањето на електрична енергија се движат по сите прописи кои се применуваат во досегашното работење. Но, одделението за развој и инвестиции ги следи сите нови технологии и трендови, како и евро стандарди, и веќе има изготвено анализи за иновативни одржливи извори на енергија со комплетни кост-бенефит анализи, кои постапно но ефектно без никакви попречувања на капацитетите при производство на енергија, ќе го заменуваат јагленот. Оваа технологија која  РЕК Битола ја поседува е прилагодлива кон иновативните екоенегии и целиот процес од иницијативи , преку веќе подготвените експертски истражувања полека но, сигурно се подготвува за најавените европски фондови, кои финансиски ќе придонесат да се одржи овој систем во својата комплексност со примена на екоенергетски одржливи извори на енергија.

Од оваа средба присутните изразија задоволство, и веќе се преговараше за склучување на договори за соработка и заедничка експертиза од двата електрокомбинати, која ќе придонесе за регионот со врвни технологии, иновативни системи, екоенергетски извори и зголемување на производните капацитети како и капацитетите на самите електропроизводители во двете држави.

Бидејќи Европската Комисија настојува да се прават глобални решенија за ваквите иновации, еден од условите да се настапи пред фондовите е тесна соработка помеѓу две или повеќе држави со договорени конзорциуми од неколку институции кои настапуваат партнерски. Климата за соработка е одлична и најавено е партнерство кое е добредојдено за двете страни.

Претставници од пратенички групи од парламентот од двете држави во своите изјави изнесоа дека ќе направат се што е во нивна моќ да ја дадат поддршката во парламентите и преку осниваните комисии и зелени движења максимално, со што се обезбедува и поддршката од владеачките гарнитури. Соработката со ресорните министерства и на двата електрокомбинати е одлична и во секој случај ја имат и поддршката за нивните развојни програми.

Здружувањето и партнерството помеѓу РЕК Битола и Електрокомбинат Обилиќ ќе значи, зголемен капацитет на висока стручност и експертиза, и исполнување на условот за оснивање на конзорциуми со исти интереси и проектни идеи при аплицирањето на големите европски фондови, чија што цел е да ги поддржат развојните програми на енергетските производители пред се во изнаоѓање на обновливи извори на енергија, а потоа и во јакнење на човечките ресурси и производствените капацитети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php