«

»

Feb 06

Реализирани проекти во програмата на Општина Новаци

Со оглед на законските обврски за транспарентноста пред своите граѓани, Општина Новаци во наредниот период на својата веб страница ќе ги стави на увид реализираните проекти кои беа предвидени со нејзината програма, дел од предвидените проекти кои сеуште се наоѓаат во фаза на реализација, како и оние кои треба да се реализираат во наредниот период.

Во првиот дел ќе бидат претставени дел од реализираните проекти во изминатиот период, кои беа предвидени со програмата на Општината.

  •  Изградба на локални патишта и улици, како и нивно поврзување- асфалтирање на улици во должина од 1500 метри, тампонирани улици (тампон од 9000м3) во должина од 20 км.
  •  Изградба на две пумпни станици за канализациона мрежа во село Новаци.
  •  Чистење и прокоп на каналската мрежа во Новачко поле во должина од 15км.
  •  Санација на брана во село Живојно.
  •  Санација на објекти во Месните заедници на селата Будимирци, Зовиќ, Добровени, Мегленци, Гнеотино и Долно Орехово
  •  Реконструкција на спортски објекти во селата Гермија, Агларци, Добромири и Новаци.
  •  Реконструкција на фонтана во село Рибарци.
  •  Монтажа и демонтажа на брана на реката Црна.
  •  Ископ на одводни и доводни канали во селата Новаци, Добромири, Горно и Долно Агларци и Далбеговци.
  •  Уредување на коритото на десеттиот канал (бетонирање).
  •  Реконструкција на водоводната мрежа во селото Скочивир.
  •  Изградба на водопоила во селата Живојно и Гермијан.
  •  Целосна реконструкција на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во селото Новаци, како и на неговите четири подрачни училишта.
  •  Реконструкција на санитарни јазли во „Славко Лумбарковски“ во селото Новаци и во неговите четири подрачни училишта.
  •  Изградба на водовод во селото Тепавци.
  •  Изградба на водовод во селото Долно Орехово.

И во вториот дел ги претставуваме реализираните проекти во изминатиот период, кои беа предвидени со програмата на Општина Новаци.

  • Реконструкција на локалниот водовод во селото Брод.
  • Санација на фонтана во селото Рибарци.
  • Изградени канали за атмосферска вода во с. Новаци во должина од 2 километри-бетонирани
  • Изградено и ставено во употреба фудбалско игралиште во село Рибарци
  • Општина Новаци ја продолжи и продлабочи соработката со збратимените општини Коуфалија-Р. Грција, Пустец-Р.Албанија, Борован- Р.Бугарија, Долна Нормандија-Р.Франција.
  • Реализирано прокопување и уредување на старото корито на Црна Река во должина од 3 километри кое ќе служи за одводнување и наводнување на земјоделско земјиште во атарот на селата Долно Агларци, Горно Агларци, Добромири, Новаци, Рибарци и Гнеотино.
  • Асфалтирање на улици во селата Бач, Гермијан, Живојно, Добромири, Горно Агларци, Долно Агларци и Далбеговци.
  • Асфалтирање и оспособување за противпожарна заштита на платото зад Општината.
  • Изградба на локални депонии во селата Бач, Гермијан, Живојно, Добромири, Горно Агларци, Долно Агларци и Далбеговци.
  • Асфалтирање на локалниот пат Р-509 до селото Долно Орехово во должина од 3,5 километри.
  • Изградба на ракометно игралиште во село Далбеговци.
  • Прочистување на канал за одводнување и наводнување од браната на Црна Река во должина од 15 километри.
  • Санирани земјени патишта во селата Брник, Ивени, Зовиќ, Будимирци, Арматуш и Мегленци.
  • Изградба на фотоволтаична централа со инсталиран капацитет од 0,95МW- MЕГА СОЛАР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php