«

»

Feb 06

Премиерот Груевски во посета на Новаци

Премиерот Никола Груевски е секогаш со своите граѓани, присутен и достапен до секој поединец. Посети земјоделци од Општина Новаци со кои разговараше за субвенциите и за парите од ИПА-фондовите.   Пред жителите на проблемите на млекарите премиерот се осврна подоцна, изјавувајќи дека млекарницата не пропаднала поради вина на државата и дека фармерите ќе бидат обештетени од стечајната постапка.Млекарницата, поради сопствени внатрешни дубиози пропадна без никаква вина на Владата и донесе во непријатна ситуација поголема група млекари на кои им должи пари. Неа сега ја презема Судот, почна стечајна постапка и тој е сега одговорен за таа законска процедура. Јас се надевам дека таа процедура што поскоро ќе се заврши и се надевам дека во една таква процедура и мелкарите ќе го добијат долгот за она што го побаруваат – изјави Груевски.
Премиерот пушти во употреба регионален водовод меѓу општините Новаци и Могила, го означи почетокот на реконструкцијата на патот за Рибарци.
Премиерот се сретна и со група жени од Мала Преспа кои беа поканети на Осмо-Мартовска прослава во село Новаци и упати поздрав и поддршка до Македонците во Албанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php