«

»

Feb 06

Предвидени проекти во програмата на о.Новаци

Дефинирани во  својата програма, Општина Новаци има започнато голем број проекти кои се во фаза на реализирање или се наоѓаат во завршна фаза. Дел од нив ќе бидат завршени во многу кус временски период,  а дел ќе бидат завршени во наредната година.

  • Реконструкција на улично осветлување во селата Новаци, Добромири и Рибарци. Постапката е во тек.
  •  Изградба на бушотини за вода во селата Живојно и Арматуш. Постапката е во завршна фаза.
  • Урбанистички планови за селата Бач, Добромири, Рибарци, Гермијан и Живојно. Постапката е во тек.
  • Изградба на три мостови на река Градешка и Белица. Постапката е во фаза на реализација.
  • Изградба на канализациона мрежа во селото Новаци. Постапката е во завршна фаза.
  • Изградба на ракометно игралиште во село Горно Агларци. Постапката е отпочната.
  • Партерно уредување во село Гермијан. Постапката е во завршна фаза.
  • Партерно уредување во село Новаци. Постапката е во завршна фаза.
  • Изградба на водовод во село Грумази. Постапката е во фаза на реализација.
  • Чистење на канали во село Горно Агларци. Постапката е во фаза на реализација.
  • Изградба на брана во село Рибарци. Во тек е постапка за реализација.
  • Надградба на општинската зграда во Новаци. Постапката е во фаза на реализација.
  • Изградба на водопоила го селата Орехово, Тепавци, Брод, Маково и Арматуш. Дел од проектите се реализирани, а дел се во фаза на реализација.
  • Изградба на тротоари во село Новаци. Постапката е во фаза на реализација.
  • Реконструкција на продавница и амбуланта во село Градешница. Постапката е во фаза на реализација.
  • Изградба на водовод во село Арматуш. Во тек е постапка за реализација.
  • Изградба на бензиска пумпа во село Новаци. Во тек е постапка за реализација.
  • Санација на амбуланта во село Бач. Постапката е во завршна фаза.

Со долгорочниот план, Општина Новаци за наредниот период има предвидено голем број проекти кои започнале или е предвидено да започнат со реализација во следните години.

  • Изградба на водовод од бунарите на РЕК Битола за селата Брод, Живојно и Добровени со средства од ЕБОР  во периодот 2011-2012.
  • Асфалтирање на регионалниот пат Рибарци-Гнеотино во должина од 5 км. со средства од ЕБОР во периодот 2011-2012.
  • Асфалтирање на локалниот пат Мегленци-Арматуш во должина од 4 км. со средства од ЕБОР во периодот 2011-2012.
  • Асфалтирање на Р-590 до село Брод во должина од 2 км. со средства од ЕБОР во периодот 2011-2012.
  • Асфалтирање на Р-509 до село Мегленци во должина од 3 км. со средства од Светска банка  во периодот 2011-2012.
  • Асфалтирање на Р-511 до село Зовиќ во должина од 3 км. со средства од ЕБОР во периодот 2011-2012.
  • Изградба на пат од село Рибарци до село Гнеотино со средства од Светска банка  во периодот 2011-2012.
  • Изградба на спортска сала во село Новаци предвидено за 2012.
  • Изградба на канализациони мрежи во селата Добромири и Бач со средства од ЕБОР во периодот 2011-2012.
  • Реконструкација на водоводна мрежа во селата Горно Агларци и Долно Агларци и селото Далбеговци со средства од ЕБОР во периодот 2011-2012.
  • Изградба на повеќенаменско игралиште во село Новаци предвидено за 2012.
  • Реконструкција на брана во селото Рапеш урната од елементарни непогоди предвидено за 2012.
  • Санација на водовод 5 чешми во селото Старавина во должина од 15 км предвидено за 2012.
  • Изградба на повеќенаменско игралиште во село Новаци со средства од Агенција за млади и спорт предвидено за 2012.
  • Изградба на спортска сала во с. Новаци предвидено за 2012.
  • Изградба на газилиште на река Елешка предвидено за 2012.
  • Спомен обележје на Дедо Кољо Војводата во општина Новаци предвидено за 2012.
  • Изградба на тениско игралиште во село Добромири предвидено за 2012.
  • Изградба на одводни канали во село Гермијан во должина од 5 км. предвидено за 2012.
  • Изградба на мала хидроелектрична централа во Скопчивир на м.в. Коњарка предвидено за 2012.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php