«

»

Feb 06

Посета од Долна Нормандија – Франција

Од 26 јуни до 2 јули, општината Новаци беше посетена од Делегација од Долна Нормандија, Франција. Причина за ваквата посета и соработка на општината Новаци со долна Нормандија е затоа што Република Македонија има потпишано децентрализирана соработка со долна Нормандија.
Со овој проект беше извршен попис на културното наследство на Мариово, каде беа одржани две трибини во Старавина и Новаци на следните теми : „Културно наследство на Мариово“ и „Одржлив селски туризам“.
Делегацијата се состоеше од раководителот на проектот со неговите соработници и студенти од уневерзитетот Каен во Нормандија, како и студенти од архитектонскиот факултет, предводени од професорот Хаџимитревски.
Во понатамошниот период се планира да се направи физибилити студија која ќе им биде понудена на членките на Европската Унија како и на приватните бизнисмени во земјава и странство кои би биле заинтересирани за ваков вид проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php