«

»

Feb 06

Осма пелагониска научна средба

Советот при културно научните средби на Општина Новаци и годинава е организатор и домаќин на осмата по ред Пелагониска научна средба, која започна на 25 јули со почеток во 16 часот во општината и траеше два дена.
Др. Цане Здарвковски председател на средбите, вели дека Новаци го избрале како простор во кој гравитираат писатели и поети од Пелагонискиот крај.
Иако почетно замилсена само како средба на Пелагониските научни творци, средбата се проширува и учество земаат културни работници од регионот.
На работниот дел од средбата дел од учесниците говореа за македонскиот литературен јазик, неговата употереба и загрозеност, а пак на вторит ден беше одржано литературно читање.
Др. Здравковски додаде дека секоја година се одбира по некој манастир во околината со цел да се вклучат тамошните жители во програмата на овие средби.
Годинава беше избран манастирот св. Архангел во селото Скочивир.
На средбите беше промовиран зборникот на научни трудови.
Избрано беше работно претседателство и беше доделена повелбата за животно дело на писателите Петре Димовски, Радован П. Цветковски и професор др. Методи Манев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php