«

»

Feb 06

Осветена црквата „Пресвета Богородица“ во Новаци

Од Иницијативниот одбор за изградба на оваа црква велат дека се подготвени да ја поддржат изградбата на црквата во Егејска Македонија, а Премиерот Никола Груевски, посака во црквата „Пресвета Богородица” да се случуваат голем број свадби и крштевки.

-Градејќи ги верските објекти, како овој овде, ние градиме и во својата изградба, своите вредности, својата слобода која ќе ни помогне да се соочиме со предизвиците на секојдневието. Во нашата вера, храмовите се духовна вертикала која не насочува кон небесата и тие се место каде најсилно го чуствуваме божјото присуство – рече Груевски.

-Во понатамошниот период ќе градиме конаци и сали каде нашиот народ ќе се собира. Општината ќе ги помага овие активности во рамките на своите можности – вели Лазар Котевски, градоначалник на о.Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php