«

»

Feb 06

Општина Новаци со своја сала за венчавки

Манастирскиот комплекс Пресвета Богородица во близина на селото Новаци е еден од поубавите ново изградени манастири во земјава. Посетеноста е се поголема од година во година. На бројните странски туристи, но особено на оние од Србија, Бугарија и Романија им била побиена тезата дека во земјава по 1945 не се граделе црковни објекти. Сега во рамките на манастирот се планираат и други активности.

Почнуваме со изградба на сала за венчавки и свадби нејзиниот капацитет е околу 500 луѓе и салата како карабина е предвидено да биде завршена до крајот на годинава.Со салата ќе стопанисува Црковниот Одбор “ вели Вељо Тантаров, претседател на Црковниот одбор на манастирот.

Оваа сала за свадбени веселби можат да ја користат околу 50-тина села од Општина Новаци. Градењето на салата е потпомогнато од РЕК Битола, ЗК Пелагонија, Општина Новаци и неколку млекарници, а ќе чини околу 150.000 евра.

Општина Новаци преку манастирот и сега со салата ќе добие многу за афирмација на овој регион.

„           Ова е голема афирмација на Општина Новаци бидејќи ваквите инвестиции се добредојдени.”- вели Лазар Котевски градоначалник на Новаци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php