«

»

Feb 06

Одбележана годишнината од постоењето на Општина Новаци

На 30 март  Општина  Новаци ја одбележа својата 14 годишнина на постоење и работење како општина. По тој повод, се одржа свечена седница на Советот на Општината, на која градоначалникот на општината Лазар Котевски им се заблагодари на советниците за доброто работење и реализираните проекти кои се од  огромно значење за општината и со кои се подобрени условите за живеење на сите жители на Општина Новаци.

Годишнината на Општината се совпаѓа со патрониот празник на училиштето Славко Лумбарковски во Новаци. На овој ден градоначалникот ги посети и најмладите, односно учениците на ова училиште, каде се запозна со сите нивни активности и учества во проекти,  а беше положено цвеќе пред носителот на името на ова училиште, Славко Лумбарковски.

Исто така, по повод годишнината, делегација на Општината положи цвеќе и пред споменикот на загинатиот бранител од  воениот конфликт во 2001, Пеце Матичевски.

Во пресрет на јубилејната 15 годишнина од постоењето на општина Новаци, градоначалникот и советниците ги истакнаа своите заложби за натамошна реализација на започнатите, но и на уште покапитални проекти во интерес на локалното население на Општина Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php