«

»

Feb 06

Обука за Бизнис планирање

На 14 и 15 април во Oпштинската сала во Новаци се одржа обука за бизнис планирање наменета за жителите на оваа општина. Најзаинтересирана беше младата популација која беше и најбројна.

Обучувач беше Зоран Витанов, според кого на самиот почеток младите биле скептици, но набргу самите покажале интерес за претприемачкиот дух, кој мора да се развива и негува, за нивен потенцијален успех, но и успех на македонската економија. На младите им биле презентирани можностите на македонскиот пазар и насоки каде тие да ја гледаат својата иднина. Своите бизнис планови по обуката, младите можат да ги доставуваат до Бизнис Старт ап центарот во Битола, кој беше и организатор на оваа обука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php