«

»

Feb 06

Нови комунални возила за Новаци и Могила

Два камиони за собирање на смет и соодветните контејнери на 13 декември 2010 пристигнаа во Општина Новаци и Могила, како дел од новоформираното заедничко комунално претпријатие на овие две општини. Проектот е реализиран со помош на Швајцарската агенција за развој, а се очекува претпријатието да започне со работа на почетокот од оваа година.

Првично, во овие две Општини сметот ќе се собира во околу 10-тина поголеми населени места, а за почеток ќе бидат вработени по 5 лица од Општина Могила и 5 лица од Општина Новаци во ова комунално претпријатие. Седиштето на претпријатието ќе биде во Могила. Контејнерите по однапред одреден распоред ќе бидат поставени во населените места. Се очекува дека како што жителите на овие општини го поддржаа проектот, така и ќе си ги подмируват сметките кон него.

„Плаќањето треба да го дефинираме на Совет и ќе ги донесеме тие одлуки, бидејќи формиравме заедничко претпријатие” вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

Преку проектот Форуми во заедниците, меѓу најзначајните проблеми во овие општини се посочи комуналната хигиена и депонирањето на отпад. Во иднина двете Општини планираат продлабочување на соработката, со тоа што планираат да ја преземат контролата и врз водоводната мрежа преку ова новоформирано претпријатие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php