«

»

Feb 06

Новаци и Могила на “Зелс Експо 2011”

На годинешниот саем на општините „Зелс Експо 2011“ на заеднички штанд се преставија општините Могила и Новаци, заради заедничките карактеристики што ги имаат на поднебјето каде егзистираат како и заедничките проекти што веќе ги работат.

„Дел сме од претставувањето  на општините со наши производи од нашето поднебје. Исто така и печатениот рекламен материјал е дел од она што ние го работиме, со цел подобро и повеќе да ги запознаеме граѓаните со нашите можности, со што располагаме  и да ги поканиме да дојдат и да не посетат. Ова ни е прво преставување, задоволство ми е што можеме да се преставиме и да ја афирмираме општината“ – рече градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

„Минатата година имавме заеднички проект со Новаци, а тоа е заедничко комунално претпријатие така што една  од темите на преставувањето е и тој проект, а тоа беше поводот заеднички да настапиме на еден штанд“ истакна градоначалникот на Могила, Славко Велевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php