«

»

Feb 06

Министерот Адеми и градоначалниците од Пелагонија за управување со отпад

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаким Адеми, присуствуваше на редовната седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.За време на оваа посета, градоначалниците на деветте општини од овој плански регион Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Могила и Новаци, меѓу кои и градоначалникот Лазар Котевски, беа запознати со двата постоечки модели на интегрирано управување со отпад кои се реализираат во Македонија. Едниот модел е заснован на остварување на јавно-приватно партнерство, а другиот модел е преку користење на европските претпристапни фондови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php