«

»

Feb 06

Локален акционен еколошки план

Со изработка на локалниот акционен еколошки план, загадувањето во Општина Новаци ќе се сведи на минимални граници. Овој план го поддржува и Министерството за животна средина и просторно планирање.

– РЕК се наоѓа среде Општината, а горлив проблем ни е и депонијата “Мегленци“ која се самозапалува. Тука се носи ѓубрето од подрачјето на Битола, а при транспортот отпадот насекаде се расфрла. Локалното население секогаш е во центарот на загадувањето – вели Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци.

Мерките кои се планираат во иднина се реализирањето на зелен појас околу РЕК Битола за наредната година и тоа со 20.000 дрвца. Планирана е изградба на пумпна станица за третман на отпадните води и загадувањето на Црна Река.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека е договорено Општина Новаци да подготви проект со пумпна станица, која ќе овозможи далеку поквалитетен третман на отпадните води и загадувањето кое оди и во каналите и реката Црна како главен воден ресурс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php