«

»

Feb 06

Како до легализација на дивоградбите?

По околу еден месец од стапувањето во сила на Законот за легализација на дивоградбите, Општина Новаци организираше трибина на која покрај претставниците на Општината учество зеде и пратеничката Катерина Димевска.На оваа трибина пред граѓаните поблиску беа прикажани можностите на кој начин тие можат да ги легализираат своите доградби или надградби. Исто така беше објаснета и процедурата со која потребните документи за  легализација се намалени во голем број. Единствено посложена задача е да се добие геодетски елаборат, кој жителите  можат да го набават од приватните катастри. На тој начин, преку оваа трибина, им се овозможи на жителите на Општина Новаци да се информираат за поволностите на законот и можностите кои ги нуди нивната Општина во овој процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php