«

»

Feb 06

Како да се вложува во општина Новаци

Во Лерин, соседна Грција, Центарот за развој на Пелагонискиот регион организираше регионална презентација на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион, на која учествуваа претставници на бизнис секторот од регионот на градот Лерин и неговата поширока околина.

Исто така, гости на презентацијата беа г. Јоанис Воскопулос, Градоначалник на Лерин, г. Лазар Котевски Градоначалник на општина Новаци, г. Славко Велески Градоначалник на општина Могила, г. Абдула Бајрамоски Градоначалник на општина Долнени, г. Арис Аристиду претседател на Стопанската комора во Лерин и г-ѓа Зета Ризу директор на регионалната развојна агенција АНФЛО од Лерин. Покрај индустриските зони, беа презентирани и компаративните предности и инвестициските потенцијали на секоја од општините во регионот, поточно даночните олеснувања, стимулациите, и поддршката која општинските администрации ја нудат за потенцијалните инвеститори во однос на добивањето на потребната документација и обезбедувањето на сите потребни информации кои се поврзани co инвестицискиот циклус. Градоначалникот на Новаци Лазар Котевски во неформалните разговори со своите колеги градоначалници, беше особено заинтересиран за можностите за соработка помеѓу двата региона, не само во однос на бизнис соработката туку и при искористувањето на средствата достапни од фондовите на Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php