«

»

Feb 06

ИПАРД Инфо ден во општина Новаци

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општина Новаци ги почна инфо-деновите со цел навремено и целосно да ги информира заинтересираните субјекти и јавноста со можностите и начинот на користење на средствата за ИПАРД Програмата 2007-2013 година.

Инфо-денот се одржа на 26.10.2011 година во салата на општина Новаци. Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ преку посетите на руралните средини во Македонија има за цел да овозможи успешно менаџирање на ЕУ претпристапните фондови за рурален развој и анимирање на насeлението за активностите што се кофинансираат со европски и домашни пари, рече Стојан Гацов, претставник на телото за управување со ИПАРД при МЗШВ.

Според експертите од телото за управување со ИПАРД, оваа активност ќе создаде услови за просперитетни и витални рурални средини во Македонија во одржливо менаџирана околина која ќе обезбеди добар квалитет на животот за сите. Проектите предвидени за диверзификација и развој на рурални економски активности ќе поддржуваат создавање на микро претпријатија, занаетчиство и рурален туризам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php