«

»

Feb 06

Зоран Ставревски во посета на Новаци

Носителот на листата во ИЕ 4 и актуелен вицепремиер Зоран Ставрески, ја посети Општина Новаци и нејзиниот најголем производствен капацитет, РЕК Битола. За време на посетата, Ставревски бил запознат со актуелните состојби во производствената единица ФОД, како и идните планови на Комбинатот. Ставревски уште еднаш ја повторил заложбата дека доколку победат на овие избори, ќе се реализира најавениот проект за искористување на топлинската енергија од РЕК, во периодот од 2011-2015.

За овој проект, според Ставревски, потребни се некаде околу 35 милиони евра, кои треба да се добијат од ЕЛЕМ, општините опфатени со проектот и преку проекти реализирани од јавно проватно партнерство.

За време на посетата на Ставрески на Општина Новаци, беа пуштени два локални патни правци од Новаци кон Рибарци со должина од 3,5 километри , како и регионалниот пат Р500 до селото Долно Орехово.

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, смета дека овие патни правци се од големо значење за локалното население, а од проектот на Владата за изградба и реконструкција на регионалните патишта, општината добила околу 700.000 евра.

Во програмата на Владеачката партија за наредниот период за Општина новаци е предвидена изградба на спортска сала и спортски игралишта, како и подобрување на водоводната мрежа. Она што најмногу го засега локалното население се субвенциите. За следниот период Ставрески најави околу 670 милиони евра наменети за субвенции, од кои најголемиот дел треба да завршат кај пелагонските земјоделци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php