«

»

Feb 06

Збратимени градови

НАЈУБАВАТА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА

За прв пат во Македонија – Програмата Europe for citizens – Twinned Тowns Ја имам таа чест, како градоначалник на Општина Новаци – членка на ЗЕЛС, да ја презентирам информацијата дека ни е доделен грант од Програмата Europe for citizens – Twinned Тowns – Project 507150 во мерка 1.2 – за збратимени градови во износ од 150 000 евра.

Општина Новаци е носител на проектот, а со нас во партнерство ги прилкучивме и нашите збратимени Општини – Општина Борован од Бугарија, Општина Куфалија од Грција и Општина Ликенас од Албанија. Особено е голема честа што аплициравме директно во Брисел и го добивме грантот. Ни претстои година на реализација на проектот, во која директно ќе ги видиме искуствата во рурални општини во процесот на реформите кон Европската унија, што во овој момент за сите нас се од особено значење. Имплементацијата на проектот ќе се одвива строго професионално со наши партнери – невладини организации од кои ќе ги црпиме искуствата.
Градоначалник Лазар Котевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php