«

»

Feb 06

Доделени 11 грантови (ноември 2010)

Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и в.д. постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН во Македонија (УНДП)  Ан-Мари Али денеска на 24 општини им доделија 11 грантови за меѓуопштинска соработка, во вкупен износ од 205.379 евра. Грантовите се доделуваат во рамки на Програмата за меѓуопштинска соработка, која е финансирана од норвешката Влада, во партнерство со Министерството за локална самоуправа.Грантовите за меѓуопштинска соработка, најавени од УНДП во септември годинава, имаат за цел обезбедување поддршка за меѓуопштинска соработка во пет области – финансиско управување и ревизија, наплата на даноци, урбано планирање, инспекциски услуги и економски развој. Министерот Џафери рече дека меѓуопштинската соработка е инструмент кој сериозно ја помага децентрализацијата, зашто нуди решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат помалите општини.Тој додаде дека Министерството и општините директно соработуваат во спроведување на децентрализацијата, политиката на регионален развој, меѓуопштинската и прекуграничната соработка.Ан-Мари Али рече дека 48 општини постигнале договор и поднеле 22 квалитетни апликации.

Поради големиот интерес и добриот квалитет на апликациите, како што рече таа, одлучиле да го зголемат првично планираниот број општини. Али информираше дека пет од одобрените договори за меѓуопштинска соработка се однесуваат на урбаното планирање, четири на локален економски развој, два на наплата на даноци, а еден договор на инспекции.- Искуството со грантовите за меѓуопштинска соработка покажува дека македонските општини се отворени за соработка и имаат практични идеи околу тоа како да ги здружат напорите и да работат заеднички за подобра иднина на своите граѓани, рече Али. УНДП ја најави иновативната компонента на шемата за грантови на почетокот на следната година, која ќе се фокусира на воспоставување меѓуопштинска соработка во социјална сфера. Договори за грантови за меѓуопштинска соработка потпишаа локалните самоуправи Радовиш и Конче, Берово, Пехчево, Виница и Делчево, Кривогаштани и Долнени, Кавадарци и Росоман, Зелениково и Петровец, Гевгелија и Валандово, Кочани и Пробиштип, Новаци и Могила, Гостивар и Врапчиште, Зрновци и Чешиново-Облешево и Штип и Карбинци.Општина Новаци и општина Могила соработуваат во делот оснивање на даночно одделение и одделение за урбанистичко планирање. Заеднички одделенија во процесот на децентрализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php