«

»

Feb 06

Договор за соработка помеѓу Борован и Новаци (2008 година)

ДОГОВОР ЗА ДРУЖЕЊЕ И МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА помеѓу Општина Борован,Република Бугарија и Општина Новаци,Република Македонија

Декември 2008 година
Новаци, Република Македонија

О В Л А С Т Е Н И З А С Т А П Н И Ц И:
За Општина Борован, област Враца, Република Бугарија, застапувана од Петар Тодоров Цветковски- кмет на општината, и
За Општина Новаци, Република Македонија, застапувана од Лазар Котевски- градоначалник на општината

О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И

1. Врз основа на меѓународните правила за воспоставување на двострани односи двете страни сакаат да го зајакнат дружењето и соработката помеѓу жителите на општините од двете држави.
2. Потпишувањето на Договорот ќе потпомогне за создавање на поблагопријатни услови за развој
3. Овластените застапници можат да делегираат права од Договорот на трети лица

С О Д Р Ж И Н А

ПРВ ДЕЛ: ВО ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО И ТРГОВИЈАТА

На економска основа соработката да се развива во областа на бизнис-контакти помеѓу производствени, трговски и стопански партнери, со создавање на взаемни можности за коперирање, размена на стоки, за врски помеѓу трговски организации и фирми, воспоставување на партнер зделки и друго.

ВТОР ДЕЛ: ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА

1. Соработката да се развива за изучување на духовните вредности на двете општини; за размена на музички, театарски и фолклорни групи; за организирање на изложби на музејски и архивски вредности; изложби на културното наследсво; исто така за други културни извори.

2. Размена на групи од предавачи и научни работници за изучување и размена на расположиви икуства во просветни дела, наследсвото и културата.

ТРЕТ ДЕЛ: ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ, РЕКРЕАЦИЈАТА И ТУРИЗМОТ
1. Организирање на спортски средби.

2. Размена на групи од врвни спортови.

3. Изградба на врски во областа на рекреацијата и туризмот; размена на групи за рекреација и туризам во знаменити места и области во двете општини
ЧЕТВРТ ДЕЛ: ВО ОБЛАСТА НА УПРАВУВАЊЕТО

1. Размена на официјални делегации во текот на годината, по претходен договор.

2. Размена на работни групи за изучување на расположивите искуства во организационо – управувачката, административната, правната и социјалната дејност на двете општини.

3. Еднаш годишно двете страни да ги усогласат календарот на исполнување на обврските од заклучениот договорот.

З А В Р Ш Е Н Д Е Л

1. Освен обврските, предвидени во овој договор, можат да се утврдат и други видови на дејствија и контакти, со кои се засегаат заедничките интереси, на основа на усогласени долгорочни и краткорочни планови.

2. Сите финасиски трошоци, сврзани со престојувањето на делегациите, ги сноси домаќинот, со исклучок на трошоците за патување.

3. Заклучениот договор е потпишан во Новаци, Република Македонија, на 02-12-2008 година.

4. Договорот е составен во четири еднообразни примероци: два на македонски и два на бугарски јазик. Двата текста имаат еднаква правна важност.

РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА БОРОВАН ОПШТИНА НОВАЦИ
К М Е Т ГРАДОНАЧАЛНИК

_________________________ ______________________
/Петар Цветковски / /Лазар Котевски /

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php