«

»

Feb 06

Делегација од Општина Новаци во Австралија

Од 25 јануари,  на покана на градоначалникот на Општина Дендино во Мелбурн, Џим Мемети,  во Австралија ќе престојува делегација од Општина Новаци. Иницијативата за посетата е дадена за време на престојот во летните месеци на претседателот на иселениците од здружените мариовски села Петре Димитриовски од селото Рапеш, кој живее во Австралија.

За време на престојот во Австралија, предвидена е средба на делегацијата од Општина Новаци и со други градоначалници на општини во Мелбурн, а се предвидува и збратимување со некоја од нив. Делегацијата очекува дека ќе најде и идни инвеститори кои ќе вложуваат во Општина Новаци, која е препознатлива пред се по мариовскиот крај кој во себе содржи неицрпни ресурси и потенцијал за развој на селскиот туризам, но и за отворање на одредени производствени капацитети.

Линк до интервјуто со Лазар Котевски:

http://www.youtube.com/watch?v=VLtbXeD3yu4

http://www.youtube.com/watch?v=k_znuttpJ9o

http://www.youtube.com/watch?v=-tBODCh45NA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php