«

»

Feb 06

Градоначалникот Лазар Котевски во посета на Австралија (февруари 2011)

Македонската заедница во Австралија со големо задоволство ја прими посетата на градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски, на оваа прекуокеанска земја. На бројните средби остварени со нашите иселеници, Котевски го презентираше капацитетите на Општината и можностите за инвестирање од страна на Македонците во Австралија.  Голем дел од македонските медиуми информираа за престојот на градоначалникот на Општина Новаци во Австралија. Исто така, интерес беше пројавен и од страна на македонските медиуми во Австралија кои пишуваа за престојната посета, а потоа и за текот на посетата и за средбите на градоначалникот Лазар Котевски со останатите градоначалници.Австралискиот informator.ws, објави дека Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, по пристигнувањето во Австралија, во Мелбурн, одржа средба со Здружението на иселениците од мариовските села.На средбата на која имаше повеќе од 300 гости, им се обрати Котевски и ги информира за условите што ги нуди Општината Новаци за вложување во Мариово и за поволностите што ќе ги имаат ако се решат да го развиваат селскиот туризам.Котевски во име на Општината Новаци, им додели и благодарници на сите оние кои помогнале за заживување на Мариово од далечната Австралија.На средбата во престижниот Голден стар ресторан, во Мелбурн, бил присутен и Саво Сибиновски од македонскиот конзулат и свештениците Трајко Мојсов и Душко Спировски.

Исто така на страницата на Македонска заедница во Австралија на facebook, беше објавен текст за посетата на Котевски на Австралија. Пред заминувањето за Австралија,голем дел од домашните локални и национални електронски и пишувани медиуми ја објавија целта на посетата на градоначалникот на Новаци на оваа земја, а се чини најголем интерес предизвика желбата во Општината да се донесат австралиски инвестии од нашите сонародници. Градоначалникот гостуваше и со интервјуа во локалните телевизиски станици Тера и Орбис. Еве неколку линкови кои пишуваа за посетата на Лазар Котевски на Австралија, како и интервјуата во информативните емисии на Тера ТВ и Орбис ТВ.

http://www.informator.ws/interv-u-so/interv-u-lazar-kotevski-gradonachalnik-na-novatsi-pred-poa-a-eto-za-avstrali-a

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA667A4C5509A94B8D8191CFB5DD39AF

http://www.informator.ws/avstrali-a-vesti/od-posetata-na-gradonachalnikot-na-novatsi-lazar-kotevski-na-avstralia

http://www.youtube.com/user/orbistv#p/c/3AE4C058C17DB9C0/141/krATp3ny0jg

http://www.tera.mk/index.php?option=com_hwdvideoshare&task=viewvideo&Itemid=104&video_id=1899

http://www.tera.mk/index.php?option=com_hwdvideoshare&task=viewvideo&Itemid=104&video_id=1931

http://mk-mk.facebook.com/makedonskazaednicaavstralija?filter=1

http://kurir.mk/republika/opstini/20745-Lazar-Kotevski-pocesen-graganin-na-opstina-Rokdajl—Avstralija

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php