«

»

Feb 06

Бесплатен превоз за пензионери

Здружението на пензионери од Битола во чиј состав членуваат и пензионерите од Општина Новаци, спроведе иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите од оваа Општина во вторник и петок. Ваквата поволност веќе ја користат пензионерите од Битола.

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, се јавува како логист, односно поддржувач во оваа иницијатива.За населението во Општина Новаци ова претставува посеба поволност, бидејќи населението е претежно од повозрасната популација.

„ Бидејќи имаме многу одалечени села ќе најдеме решение и за нив и ќе се организираме. Ја подржуваме и акцијата запознај ја Македонија,  ние и на локално ниво им организиравме посета на манастири и знаменитости”- вели градоначалникот Котевски.

Околу 350 е брокот на  пензионери кои од Новаци ќе го користат бесплатниот превоз.Акцијата ќе трае од трети мај до април наредната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php