«

»

Feb 06

Акција по повод Денот на пролетта

По повод Денот на пролетта, Унијата на жени од Општина Новаци донираше 150 садници. Садниците беа засадени во подрачните училишта во Општината. Текот на засадувањето на садниците беше успешно спроведено од вредните раце на учениците од основното училиште Славко Лумбарковски.

Акцијата на Унијата на жени наиде на голем одзив и кај локалното население, а во текот на нејзиното реализирање учествуваа и новоназначениот директор на комуналното претпријатие “Пела Хигиена”, претседателката на Унијата на жени, како и директорката на основното училиште. Целта на ваквите акции пред се е да се подигне еколошката свест на младата популација за заштита и очувување на околината во која учат и престојуваат, како и за тоа да се грижат првенствено за она кое што самите го засадиле. Тенденцијата на оваа акција е и доближување кон се позастапените еко-училишта во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php