»

Feb 03

Јавна презентација и анкета – ноември 2010

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. весник на РМ” бр. 51/05) и член 15 од Законот за измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање(“Сл. весник на РМ” бр. 137/07), Градоначалникот на Општина Новаци објавува

С О О П Ш Т Е Н И Е

СЕ ИЗВЕСТУВААТ граѓаните и правните лица од просторот опфатен со Урбанистички План вон населено место-
1. Новаци – фабрика за производство на ЦО2 и екстракти од треви и билки – м.в. “Делови”, КО Новаци и
2. Рибарци- фабрика за ЦО2 и минерална вода – м.в. “Блато” – КО Рибарци
дека Градоначалникот на Општина Новаци донесе Одлука за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА и ЈАВНА АНКЕТА

1. по Нацрт планот за УПВНМ Новаци за фабрика за производство на ЦО2 и екстракти од треви и билки – м.в. ,,Делови,, КО Новаци и
2. по Нацрт планот за УПВНМ Рибарци- фабрика за ЦО2 и минерална вода – м.в. ,,Блато„ КО Рибарци
А. УПВНМ Новаци за фабрика за производство на ЦО2 и екстракти од треви и билки – м.в. “Делови” КО Новаци ги опфаќа следните граници: На север се граничи со регионалниот пат Р509 Битола-Новаци, на запад со река Црна, на исток со парцела Кп. 2005 и на југ со останатиот дел од парцелата Кп.877.
Опфатот има површина околу 3,30 ха. и
Б. УПВНМ Рибарци за фабрика за ЦО2 и минерална вода – м.в. ,,Блато„ КО Рибарци ги опфаќа следните граници: На север се граничи со парцелата Кп. 4835, на запад со локален канал од системот за одводнувањена обработливите површини на Пелагониската котлина, на исток со парцела Кп. 511, а претставува пат Рибарци – Гнеотино и на југ со КО Гнеотино
Опфатот има површина околу 2,5 ха

Нацрт плановите се утврдени со Одлуки на Советот на Општина Новаци.
Јавната презентација ќе се одржи на 16.01.2008г во 10 часот во салата за состаноци на Општина Новаци, а јавната анкета ќе започне од 16.01.2008 г. и ќе трае до 01.02.2008 г. а УПВНМ ќе бидат изложени во просториите на општина Новаци и МЗ Рибарци во периодот од 13 до 15 ч секој работен ден

Во одредениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачја опфатени со Планот, анкетните листови ги предаваат во архивата на Општина Новаци.
Се повикуваат правните и физички лица од конкретните подрачја на Плановите масовно да земат учество во јавната анкета, бидејќи тоа е од наш заеднички интерес.

Бр-08-1348/2 04-01-.2008 год. НОВАЦИ

ГРАДОНАЧАЛНИК на Општина Новаци
Котевски Лазар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php