Новаци е општина во која се лоцирани најголемите замјоделски и индустриски капацитети во Република Македонија. Локалната самоуправа и градоначалникот Лазар Котевски, ги следат сите позитивни акти на Владата на Р.Македонија околу субвенциите кои се наменети за земјоделското производство. Во таа насока е воспоставена и соработка со Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството со седиште во Битола.
Општината Новаци големао внимание му посвети на меѓународната соработка. Остварена е соработка со Општината Куфаља, која се наоѓа во близина на Солун, во рамките на проектот „Интерег 3“, потоа треба да се истакне посетата на делегацијата од Долна Нормандија од Франција, со кои се разменија мислења за селскиот туризам, воспоставена е соработка и со Општината Борован од Република Бугарија, а наскоро се очекува и воспоставување на соработка со Општината Пустец во Албанија. Во договор со новачанецот Трајче Атанасовски , градоначалник на Бригбен Викторија, Мелбурн, се очекува делегација од Новаци да замине во посета на Австралија и да се збратими со овој град. Општина Новаци и во наредниот период ќе продолжи со активна меѓународна соработка, со цел стекнување на искуства за подобро искористување на претпристапните фондови на Европската унија.
Општина Новаци во изминатиот четиригодишен период оствари одлична соработка со Владата на Р.Македонија. Како резултат на добрата соработка се реализираа голем број проекти од областа на патната инфраструктура, водовод и канализација.
Бетонирано дното на 10-ти канал. Со ова се избегна големото загадување што се правеше од тињата на водите од РЕК – Битола
Во центарот на Новаци е изградена нова автобуска постојка финансирана од Општината, по барање на граѓаните кои секојдневно патуваат во Битола
Со одлука на Советот на општината Новаци на сите клубови кои се натпреваруваат во разни лигашки натпревари им се плаќа дел од трошоците за организација на натпреварите, им се уредуваат игралиштата и соблекувалните, а на некои им е набавена и нова опрема. Гордост на Општината е фудбалскиот клуб „Новаци 2005“ кој со години се натпреварува во Втората фудбалска лига на Македонија и ја претставува Општината во целиот Пелагониски регион.
Градоначалникот Котевски во изминатиот период ја користеше секоја прилика за промоција на можностите што ги нуди општината за алтернативниот туризам, на сите населени места , а особено на мариовскиот крај. Во мариовските села има извонрeдни услови за развој на селски туризам, и нудат извонредна архитектура, а исто така со прекрасна убавина се одликуваат и долините на Бела Река, водопадот и слапот на Брничка Река, Црна Река, манастирските комплекси, недопрената природа и широките непрегледни предели.










