Инфраструктура

Во рамките на општината патната комуникација се изведува преку општински и регионални патишта.  Жителите на општината со центарот на општината Новаци и Битола се поврзани со автобуски сообраќај.

Регионални патни правци се:

Р-509 – Битола-Новаци Маково-Старавина во вкупна должина од 53 км (40 се асфалтирани, од Рапеш до Старавина во должина од 13 км се само тампонирани)

Р-510 – врска М-5-Кременица-Бач-Скочивир-Старавина во вкупна должина од 55 км (30 км е асфалтиран, 25 км е макадам).

Р-120 -Тополчани-Добрушево-Новаци-Брод во вкупна должина од  40 км (22 се асфалтирани, 18 км на потегот до Новаци е макадам).

Р-531 – Брод-Гнеотино во должина од 11 км  е земјен пат

Локална патна мрежа :

20,5 км асфалтирани патишта

25 км тампонирани

91 км земјен пат

Локални улици  :

13 км асфалт

6 км тампонирани

58 км земјен пат.

Инфраструктурни објекти за водоснабдување :

С.Новаци, Добромири и Рибарци се поврзани на водоводната мрежа од водоводот на град Битола

Во селата Горно Агларци, Долно Агларци, Далбеговци, Гермијан, Бач, Живојно, Брод и Скочивир изградена е  локална водовона мрежа со резервоари со пумпи.

Селата Старавина, Градежница, Будимерци и Зовиќ приклучени се на регионалниот водовод „Мариово“,

Селата Рапеш, Маково, Орле и Груништа имаат локални водоводи.

Населените места во општина Новаци покриени се со телефонска мрежа, а со исклучок на с.Брник и Груништа во останатите има електрична мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php