Институции

Во општината Новаци, покрај локалната самоуправа постојат и истурени единици на министерства или центри од Битола со посебна дејност кои остваруваат посебни цели во развојот на стопанството, грижа за безбедноста, за зачувување на здравјето на човекот и стоката, за развојот на стопанството и образованието, за културно-уметничкиот и спортскиот живот и општо целокупно го организирале животот на овој регион. Денес, на подрачјето на општината Новаци успешно работат: ОУ “Славко Лумбарковски” со свои подрачни училишта, Матична служба – под управа на Министерството за правда, Здравствена станица, Библиотека – под НУУБ-Битола, Полициска станица под управа на МВР – Битола, Здруженија и клубови (Спортски клуб, Друштво за лов и риболов, КУД за негување на фолклорот-песни, ора и танци), Установени “Пелагониски средби” за поттикнување и негување на уметничкото творештво од областа на книжевноста, историјата, етнологијата и др. Училиштето редовно одржува натпревари за докажување на знаењата од областа на јазикот и математиката. Редовно се одржуваат и спортски натпревари од регионален и државен карактер.

Матична служба      Матичната служба е организирана во 5 матични канцеларии ви селата: Новаци, Суводол, Старавина, Бач и Маково. Во споменатите населби постоеле некогашните Месни канцеларии, кои, покрај другото, ја вршеле и матичната евиденција на подрачјето. Матичната служба има за задача да ја води педантно, ажурно и навреме евиденцијата за жителите од населбите кои се под нејзина управа, да врши регистрирање на новородени, венчани и починати, да издава уверенија, изводи за жителите што се набележани во евиденцијата. Од постојната документација се констатира дека матичната евиденција може да датира од 1900 година.

Полициска станица      Полициската станица во с.Новаци одржува ред и мир на подрачјето на општината, непосредно соработува со пограничната полиција бидејќи добар дел од општинскиот простор се граничи со Р.Грција. Пред окрупнување на општината постоеше полициска станица и во с.Старавина. Според извештаите на оваа полициска станица на подрачјето од општината Новаци не постојат покрупни прекршувања на државните законски норми и Уставот. Полициската служба е сместена во посебна зграда, наменета за станицата. Се смета дека зданието датира од поранешниот период под српска окупација, реновиран по НОБ, додека во 2006 ускладен со современите законски норми и правила, донесени во Р.Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php