Игротека “Бамби”

“Бамби”е центар за ран детски развој, предучилишна установа која му помага на вашето дете да добие добра основа за понатамошен успех во училиштето, но и во животот воопшто. Во “Бамби” се учи низ игра и забава т.е. програма која е прилагодена на возраста на вашето дете и неговите интереси. “Бамби” е безбедно место во кое вашето дете учи и игра со своите врсници.

Краток историјат

 Општина Новаци е вклучена во Програмата ,,Ран детски развој поддржана од УНИЦЕФ,, во април 1998 год. Како резултат на одличната соработка помеѓу УНИЦЕФ и општина Новаци, но и на барање на родителите од селото, во 2003 година во рамките на проектот се отвори еден од првите дневни центри  на УНИЦЕФ во РМ познат меѓу локалното население како игротека ,,Бамби,, која успешно работи и денес. Во центарот се опфатени деца од 2-6 години, каде преку игра и забава и др. едукативно-воспитни активности се придонесува кон достигнување на очекуваните вредности коишто децата треба да ги поседуваат при достигнувањето на Стандардите за рано учење и развој во РМ и тоа: независност, креативност, иницијативност, одговорност кон себе и околината, прифаќање и почитување на различните од себе, толерантно однесување и солидарност како и почит кон заедницата и државата во целост.

Анализирајки ги позитивните резултати од работата на центарот ,,Бамби,, општина Новаци во 2004 година го прифати дневниот центар под своја надлежност  превземајки ги целокупните финансиски трошоци за работата на центарот. Со ова општината стана прва општина во РМ која дневниот центар ,,Бамби,, на УНИЦЕФ го превзеде под своја надлежност. Но, не се застана само на тоа. Благодарение на разбирањето на градоначалникот, г-дин Лазар Котевски и Советот на општина Новаци во 2007 година се изгради нов објект исклучиво за потребите на дневниот центар ,,Бамби,,.

За позитивните резултати од работењето на центарот ,,Бамби,, зборуваат повеќе показатели како добиеното позитивно мислење од раководниот тим на УНИЦЕФ според кој центарот ,,Бамби,, претставува модел по кој треба да се организираат и сите други центри, позитивното мислење од Министерството за труд и социјална политика при евалуацијата на проектот ,,Ран детски развој,, на УНИЦЕФ, но како најдобар показател се постигнатите резултати на децата кои го посетуваат центарот ,,Бамби,,. Имено, во косултации со раководниот тим на О.У. ,,Славко Лумбарковски,, во с.Новаци заклучено е дека децата кои го посетувале центарот покажуваат значително подобри резултати во текот на  севкупниот воспитно-образовен процес во споредба со децата на иста возраст кои не го посетувале центарот ,,Бамби”.

Која е нашата визија и мисија?

Сите деца се успешни во училиште ако во детството почнат да учат на разни начини низ игра и забава. Играта во детството е најдобрата основа за успех во идното школување. Кај децата играта развива многу вештини кои се потребни за читање, пишување, логично размислување, раскажување и добро однесување со врсниците и возрасните. Наша мисија е да им овозможиме на сите деца можност за рано учење во амбиент кој нуди многу забава при тоа препознавајки ја важноста на родителите како нивни први и најважни учители.

Зошто вашето дете треба да ја посетува игротека “Бамби”

 

Децата се родени да учат, а во периодот на првите пет години тие учат најбрзо и најмногу. Колку порано се поттикнуваат да учат, толку подобро ќе бидат подготвени за на училиште, но и за животот воопшто. Децата кои посетуваат предучилишна установа, се социјализираат, побрзо учат да читаат, пишуваат и полесно ја совладуваат програмата на училиште. Во “Бамби” вашето дете ќе научи:

-да се снаоѓа со други деца и возрасни

-да црта, бои, пее и игра

-да открива и решава проблеми

-да ги зајакне своите говорни способности

-да ги изразува своите потреби

-да го контролира своето однесување

-како да стекне доверба во себе

-да споделува играчки кои им припаѓаат на сите деца

-ќе научи повеќе за себе и за другите

-ќе научи да биде грижливо и лубезно

-да биде позитивно

-да им помага на другите

-да побара помош

-да работи заеднички со други деца

Што добиваат родителите?

Вие ќе ја добиете потребната подршка за било која грижа која ја имате околу вашето дете

Помош за вас и  вашето дете од друг вид

Центарот Бамби му помага на вашето дете со тоа што му го овозможува најдобриот почеток затоа

Повелете, посетете не и збогатете го нашето детско семејство со уште еден член, а нас едукаторите подарете ни го вашето пријателство.

 Повеќе информации на 075216558 (Николина Лозановска)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php