Економија

Економија

 Поледелството е важна стопанска гранка, застапени се житните растенија пченица, јачмен, рж, пченка.  Населението одгледува и градинарски и фуражни култури: афион, хмељ, соја, наут, луцерка, шеќерна репка, сончоглед, маслодавна репка и други култури.  Во Битолското поле денес се користат повеќе од 800 трактори, заедно со други приклучни машини, како сеалки, садалки  идр.  Вкупната аграрна површина во општината изнесува 70 000 хектари, од кои на обработливо земјиште отпаѓа 23 000 хектари.  Општината располага и со околу 17 000 хектари шума.  Сточарството е исто така застапено, со одгледување на ситен и крупен добиток на 30 000 хектари пасишта.  Во Македонија е позната мариовската пчела како медосна, а медот е со висок квалитет.  Риболовот е застапен на реките Црна, Градешка, Бела итн.  Овоштарството е претежно застапено со јаболчести овошја (јаболко, круша, дуња, црешна), зрнести (орев, лешник, костен, бадем), јагоди, бобици итн.

Лозарството како стопанска гранка се споменува и во Турските дефтери.  По Втората светска војна се зголемиле површините со засадена винова лоза.

Индустриски растенија застапени во Пелагонија се: сончогледот, тутунот, шеќерната репа, индустриски домати итн.

Во рамките на општината Новаци се наоѓа најголемиот басен на јаглен – Суводол со геолошки резерви од 195 милиони тони.

РЕК-Битола

РЕК-Битола е во состав на ЕСМ – EVN и претставува најголем производствен енергетски капацитет во Република Македонија.  Овој комбинат задоволува повеќе од 60% од потребите за електрична енергија во државата и голем дел од потребите од јаглен (лигнит) за индустриските котларници и домаќинства.

Основна дејност на комбинатот е производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.  Во комбинатот работат околу 3200 работници од разен профил и се произведуваат околу 4,2 гигавати часови електрична енергија.

Во рамките на комбинатот работи рудник-површински коп со капацитет за годишно производство од околу 6 милиони тони јаглен и повеќе од 20 милиони кубици јаловинa.  Термоелектраната Битола има 3 блока ос инсталирана снага од 3 х 210 MW – Т.Е.  Дел од комбинатот е и Фабриката за опрема и делови (ФОД).

 

ЗК – Пелагонија

Земјоделскиот комбинат Пелагонија зафаќа голема површина од Пелагониската рамнина.  Формиран е во 1963 година, а денес во него работат околу 850 вработени, а е групиран во 8 производствени единици. Покрај поледелство, комбинатот се занимава и со одгледување на крупен и ситен добиток.  Со есенската сеидба на 8000 хектари се засадува пченица, јачмен и др, потоа засади со јачмен околу 3-4000 хектари, со пченка се засадуваат околу 4000 хектари итн.  Во рамките на комбинатот функционираат и 2 рибника со крап и калифорниска пастрмка.  Развиено е и овчарството со над 8000 овци, крупен добиток со 2000 грла и фарма со свињи. ЗК пелагонија го помага и индивидуалното сточарство.

Покрај овие поголеми економски субјекти, има и други позначајни приватни претпријатија како што се ДОО Стентон градба, Мариово инвест, Гулевски-компани итн.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php